22.01.2019 ФИБА на работна контрола во Скопје Македонската кошаркарска федерација се пријави за организација на Светското првенство за кошаркари до 17 години кое според календарот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ќе се одигра идната календарска година. По повод прифатената апликација за организатор на ова првенство, изминатиот викенд во Скопје претставник од ФИБА, Жил Тоноли, заедно со Генералниот Секретар на МКФ Моника Гаврилоска, направи инспекција на спортските комплекси во кои би се одигрувале натпреварите од ова првенство како и капацитетите за сместување кои би се користеле за репрезентациите-учесници. Жил Тоноли од Скопје замина со позитивни впечатоци од макдонската престолнина која е сериозен кандидат за организација на првенство од светски рамки.