28.06.2018

Македонија напреднува во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021

Нашата а-селекција го запиша првиот пораз во рамки на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021. На гостински терен, против Швајцарија, избраниците на Јорданчо Давитков запишаа пораз од 85-79 односно 26-19, 21-23, 19-22, 19-15 по делници.

На нашиот сениорски машки национален тим му требаше малку повеќе време за да го фати темпото на амбициозните домаќини кои се обидоа со сите сили да ги надокнадат петнаесетте поени кои им обезбедуваа директен пласман во втората фаза од претквалификациите.

Во таа мисија, кошаркарите на Швајцарија не успеаја и Македонија и покрај денешниот пораз останува како првопласирана на табелата во групата А со што се пласира во втората фаза од претквалификациите кои ќе започнат да се одигруваат претстојниот септември.

Статистиката може да се прегледа на слендиот ЛИНК додека снимката е достапна на следниот ЛИНК.