Со 187.6 освоени бодови, машката национална селекција е позиционирана и на 53. место во светското рангирање на ФИБА.
Откако со одигрување на првите две кола беше затворен првиот квалификациски прозорец за континенталните првенства во 2021 година, Светската кошаркарска федерација го направи и најновото рангирање на најдобрите кошаркарски селекции во светот.
Според рејтингот на ФИБА, Македонија има 187.6 поени, со кои нашата машка сениорска репрезентација остана на 29. место на ранг-листата на најдобри светски репрезентации во Европа, односно 53.позиција во вкупното рангирање.
Во февруарскиот „прозорец“, Македонија забележа два порази, еден од Естонија на домашен терен, и од Русија на гости на мечот одигран во Перм..
Но „црвено-жолтите“ останаа на местото на кое беа рангирани и во претходниот период, односно ФИБА класификацијата.