Машката кадетска репрезентација на Македонија забележа пораз и на вториот контролен меч против селекцијата на Црна Гора.
Црногорците ја имаа предноста, практично од првата до последната минута на дуелот во СРЦ „Кале“, и потврдија дека во овој момент се подобра селекција од нашата, на која и претстои оној втор дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 7. до 16.август ќе се игра во Скопје.
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 62:75
Гостите од Црна Гора брзо стигнаа до почетна предност на втората „контрола“. Во седмата минута веќе имаа високи (22:9), а до крајот на првата четвртина нашите кадети намалија на (16:26).
По поените на Чучанов (негов осми), во средината на вториот период, Македонија намали на (24:31). Но слично како и на првата средба, Црногорците лесно одговорија. За кратко време ја вратија предноста на високи (38:24), кога се играше 18.минута од втората проверка во СРЦ „Кале“.
На полувремето, гостите водеа со (39:26)...

Без некои особени промени во играта и резултатот се играше и во продолжението. Имавме проблеми со реализацијата, што противникот знаеше да го казнува и својата предност да ја зголеми на плус од 20.поени (50:30), како што стоеше на семафорот во 25.минута.
Со серијата од (11-6), до крајот на тој дел од „контролата“, нашите кадети намалија на (41:56).
Во средишниот дел од последната четвртина, Македонија се доближи на пониски, (50:62), но нашите млади кошаркари не го направија оној следен чекор, да ја сведат негативата на достижна. Кадетите на Црна Гора уште еднаш се одбранија, поведоа со (70:53) на нешто повеќе од две минути до крајот.
Чучанов реализираше 16.поени (имаше и девет скока) за нашата селекција „Под 16“ години, двоен број на поени имаше Сотир вкупно 14 (и четири скока), капитенот Гиновски додаде уште 12 (и по три скока и асистенции), Шабани имаше осум, исто толку и Беговски, кој додаде и седум скокови.