15.12.2022

Нашите момчиња имаат висок рејтинг и во светски размери - 30.место!

Македонија „скокна“ шест места, сега сме на 15 позиција во машка европска младинска конкуренција!

Крајот на календарската 2022 година Светската кошаркарска федерација-ФИБА го искористи за сумирање на резултатите и во оние младински категории.

По објавувањето на официјалниот рејтинг во женскиот сегмент, по „пресекот“ направен по завршувањето на јуниорското Светско првенство, ФИБА ги објави и рангирањето во машка младински конкуренција.

Согласно со новиот систе на бодување, кој се применува од оваа каленска година, нашите машки селекции  се најдоа на високата 15. позиција во оној европски ранкинг-систем.

За резултатите остварени до крајот на оваа календарска, 2022 година, Македонија во овој момент има 449.5 бодови, што е напредување за одлични шест позиции во однос на последното рангирање.

На она светското, исто така сме поставени на високото 30. место во вкупниот ранкинг на Светската кошаркарска федерација.