Македонската кадетска репрезентација ги дозна противниците во групната фаза за Европското првенство што ќе се одржи во Скопје, а е единствено од А-дивизијата во која учествува една наша младинска селекција.
Ждрепката во Минхан, на која присуствува и генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, одлучи во друштво на македонската репрезентација се актуелниот европски првак во оваа конкуренција Литванија, потоа третопласираната од лани Франција и Белгија која минатата година обезбеди место во А-дивизијата, освојувајќи го третото место на шампионатот во Б-конкуренцијата во Софија.
Македонија, односно Скопје, вторпат во низа ќе бидат домаќини на Европско првенство за кошаркари до 16 години, а тоа ќе се одржи во периодот од 5 до 13 август.