Mакедонската сениорска репрезентација се најде во осмиот шешир пред ждрепката за квалификациите за Мундобаскетот, што ќе се одржи на 31 август (вторник) со почеток во 12. часот во „Куќата на кошарката Патрик Бауман“ во Мие.
Рангирањето на селекциите е извршено според нивниот пласман на ФИБА листата, па во друштво на Македонија се уште Шведска, Португалија и Словачка.
Со оглед на тоа што е во последниот „шешир“, нашата селекција за противник ќе добие една од репрезентациите во првиот: Шпанија, Словенија, Франција или Србија. Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи од по четири екипи-учесници.
Оваа сезона, квалификациите ќе почнат на 22 ноември. Ќе бидат поделени во две фази. Планирани се вкупно шест ФИБА „прозори“, или вкупно 12 натпревари за пласман на Светското првенство.
КАКО ИЗГЛЕДА ПРОЦЕДУРАТА НА ЖДРЕПКАТА НА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ ГРУПИ ЗА СК 20223
КВАЛИТЕТНИ ГРУПИ ПРЕД ЖДРЕПКАТА ВО МИЕ:
ШЕШИР 1: Шпанија, Француска, Словенија, Србија
ШЕШИР 2: Италија, Литванија, Грција, Германија
ШЕШИР 3: Чешка, Полска, Русија, Турција
ШЕШИР 4: Црна Гора, Летонија, Украина, Хрватска
ШЕШИР 5: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија
ШЕШИР 6: В.Британија, Израел, БиХ, Холандија
ШЕШИР 7: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија
ШЕШИР 8: Македонија, Шведска, Португалија, Словачка