Вкупно десет европски репрезентации, вклучително и Македонија ќе бидат дел од претквалификациите за пласман во квалификациите за Евробаскетот 2029 година, потврдија од ФИБА.
За да се најдат во друштвото на најдобрите европски селекции ќе треба да поминат три натпреварувачки сегменти, односно рунди.
Во првата фаза, ќе се игра во три натпреварувачки „прозорци“.
Првиот е од 24.номеври до 2. декември, 2025 година, вториот е во периодот од 23. февруари до 3. март, 2026 година, а последниот ќе се игра во периодот од 29. јуни до 7. јули, во 2026 година.
Согласно со системот за натпреварување, ќе бидат формирани три групи, група „А“ во која ќе има четири репрезентации, група „Б“ и група „Ц“, со по три земји-учесници.
Првопласираните три селекции, и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во втората натпреварувачка фаза.
Во втората рунда, освен овие четири репрезентации ќе бидат приклучени и осум репрезентации кои ќе бидат елиминирани во првиот круг од европските кваллификации за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
Ќе бидат поделени во четири групи („Д“, „Е“, „Ф“ и „Г“), по три национални тимови, а секоја репрезентација во овааа фаза ќе одигра по четири натпревари.
Првопласираните четири репрезентации, од секоја група, ќе обезбедат пласман во квалификациите за ФИБА Евробаскетот 2029 година.
Согласно со моменталниот рејтинг, а по завршувањето на европските претквалификации за Светскиот Куп во 2027 година, сениорската репрезентација на Македонија ќе биде еден од трите носители во европскиот претквалификациски циклус.
За пласман во квалификациите за Евробаскетот 2029 година, Македонија тргнува од првиот т.н. „шешир“ (согласно со актуелниот рејтинг), заедно со репрезентациите на Бугарија и Словачка.
Во втората, според квалитет, група, се поставени репрезентациите на Косово, Норвешка и Ирска, во третата се најдоа репрезентациите на Луксембург, Ерменија и Албанија, додека во линијата „4“ е селекцијата на Азербејџан. која согласно со полудиригираната ждрепка, не може да биде во иста група заедно со репрезентацијата на Ерменија.
Ждрепката, со која ќе бидат формирани натпреварувачките групи во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029,, ќе биде реализирана на 8.септември, во Рига, со почеток од 10.30 часот, а ќе биде пренесувана на „livestream“ платформата на ФИБА.
ФИБА ДАВА И ВТОРА ШАНСА
Согласно со системот за натпреварување во претквалификациите, ФИБА ќе даде и трета можност за пласман во квалификациите за Еврообаскетот во 2029 година.
Имено, националните тимови кои нема да ја поминат првата рунда од претквалификациите, како и оние кои ќе испаднат во вториот круг од натпреварувањето, ќе имаат и трета можност.
Во третата претквалификациска рунда ќе учествуваат вкупно 14. национални селекции.
Шест од нив се оние кои не обезбедиле пласман во вториот круг од натпреварите, и уште осум кои не ја минале втората претквалификациска рунда.
Овие тимови ќе бидат поделени во две групи (со по четири) и две групи (со по три учесници), кои ќе играат според системот „дома-гости“ во еден ФИБА „прозорец“ (август, 2027 година).
Победниците на овие четири групи обезбедуваат место во квалификациите за Европското првенство во 2029 година. Ждрепката за овие четири натпреварувачки групи ќе биде реализирана пред одигрувањето на третата рунда од претквалификациите.
ЛИСТА НА НОСИТЕЛИ ПРЕД ЖДРЕПКАТА ЗА ЕВРО-ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ
ПРВА ГРУПА: МАКЕДОНИЈА, Бугарија, Словачка;
ВТОРА ГРУПА: Косово, Норвешка, Ирска;
ТРЕТА ГРУПА: Луксембург, Ерменија, Албанија;
ЧЕТВРТА ГРУПА: Азербејџан;