03.08.2025

Во мечот на одлука, источните соседи подобри за три поени, (90:87), доволно за опстанок во елитното друштво на јуниорите

Македонија загуби од Бугарија, за 14. место во елитната конкуренција

Во последниот, воедно и решавачки натпревар за опстанок во Дивизијата „А“, јуниорската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија, и го освои 14.место, последното кое води кон преселба во Дивизијата „Б“.

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА          87:90

Нашите млади кошаркари добро го отворија мечот на одлука во белградската Арена. Дојдоа до предност (20:15), по седум минути играње во мечот за 13.позиција во вкупниот поредок на шампионатот.

На крајот на четвртината, нашата позитива беше нешто пониска (25:22).

Одлично играа јуниорите на Македонија во првиот дел од втората четвртина. По пет минути, се стекнаа со „вишок“ од девет поени (39:30). Но тука некаде и подзастанаа. До крајот на полувремето, источните соседи направија серија од (14-2), со која направија резултатски пресврт, и поведоа со (44:41).

Резултат кој беше актуелен на полувремето од овој одлучувачки натпревар, во кое Димовски веќе имаше 18. реализации, а го следеше Данев со 10.   

Доста изедначено се играше по големиот одмор. Во третата четврттина го стигнавме водството на противникот, не не поведовме.

Во последната влеговме со негатива од еден поен (66:67).

Но потоа следуваа и најлошите наши минути во овој натпревар. Во последниот дел од играта, Бугарија поведе со големи (86:70), на нешто помалку од пет минути до крајот.

Дури тогаш нашите јуниори заиграа како што посакуваме. За нешто повеќе од четири минути, следуваше наша серија од (14-0) со која избраниците на селекторот Горан Андреевски дојдоа на само „еден посед“ заостанување (84:86).

Но во оние последни 43. секунди, практично на истек на нападот, на 18. секунди пред крајот, Скрински ја погоди тројката за победа (89:84) на Бугарија.

Во последниот меч на првенството, во кое не ги искористивме нашите шанси, Димовски имаше одлично издание, заокружено со реализација на 29.поени (6/11 за три поени), четири скока. Јаничиќ го следеше со 19.поени, седум скока и две додавања, Данев финишираше со 18.поени, шест скока и три асистенции, додека Букршлиев додаде 11.поени.