Македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт на свеченоста која ќе биде организирана на 22. декември во хотелот „Лимак“ во Скопје.
Сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите, и фановите, учествуваат во гласањето за избор на најдобрите во кошарката во 2021 година.
Ќе се гласа во вкупно 17 категории
-најдобар кошаркар
-најдобра кошаркарка
-најдобар млад кошаркар
-најдобра млада кошаркарка
-најдобра машка екипа (сениори)
-најдобра женска екипа (сениорки)
-најдобра машка екипа (младински лиги)
-најдобра женска екипа (младински лиги)
-најдобар тренер на машка екипа (сениори)
-најдобар тренер на женска екипа (сениорки)
-најдобар тренер на машка екипа (младински лиги)
-најдобар тренер на женска екипа (младински лиги)
-најдобар играч во 3 на 3
-најдобра екипа во 3 на 3
- најдобар кошаркарски судија
-најдобар македонски репрезент во странство
-најдобра младинска репрезентативна селекција
НАПОМЕНА: НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ
Поврзано со формирањето на финалното гласање кое ќе го спроведе федерацијата во наредниот период, ве молиме, пред името на секој номиниран да се означат бодовите.
Од понудените опции во одредена категорија, одбирате - три (3) поени за оној за кој сметате дека е најдобар во соодветната категорија, два (2) за наредниот, и еден (1) поен за оној кој ќе го рангирате на третата позиција во вашето гласање.