29.11.2022

...

Македонската кошаркарска федерација ќе ги награди најдобрите за 2022 година

Македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт.

Сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите, и фановите, учествуваат во гласањето за избор на најдобрите во кошарката во 2022 година.

Ќе се доделат награди во вкупно 18 категории

-најдобар кошаркар

-најдобра кошаркарка

-најдобар млад кошаркар

-најдобра млада кошаркарка

-најдобра машка екипа (сениори)

-најдобра женска екипа (сениорки)

-најдобра машка екипа (младински лиги)

-најдобра женска екипа (младински лиги)

-најдобар тренер на машка екипа (сениори)

-најдобар тренер на женска екипа (сениорки)

-најдобар тренер на машка екипа (младински лиги)

-најдобар тренер на женска екипа (младински лиги)

-најдобар играч во 3 на 3

-најдобра екипа во 3 на 3

- најдобар кошаркарски судија

-најдобар македонски тренер во странство

-најдобар македонски играч во странство

-најдобра младинска репрезентативна селекција 

ЛИНК ДО ЛИСТА ЗА ГЛАСАЊЕПРЕДЛОГ-НОМИНАЦИИ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ ВО КОШАРКАТА ВО 2022 ГОДИНА

НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ: 

(Според принцип на одбирање/заокружување на предложените поени)

ПЕТ поени за најдобриот избор,

ТРИ поени за вториот, и

ЕДЕН поен за третиот предложен кандидат/кандидатка или клуб во вашиот избор