01.12.2023

...

Македонската кошаркарска федерација ќе ги награди најдобрите за 2023 година

Македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт.

Сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите, и фановите, учествуваат во гласањето за избор на најдобрите во кошарката во 2023 година.

Ќе се доделат награди во вкупно 19 категории

-најдобар кошаркар

-најдобра кошаркарка

-најдобар млад кошаркар

-најдобра млада кошаркарка

-најдобра машка екипа (сениори)

-најдобра женска екипа (сениорки)

-најдобра машка екипа (младински лиги)

-најдобра женска екипа (младински лиги)

-најдобар тренер на машка екипа (сениори)

-најдобар тренер на женска екипа (сениорки)

-најдобар тренер на машка екипа (младински лиги)

-најдобар тренер на женска екипа (младински лиги)

-најдобар играч во 3 на 3

-најдобра екипа во 3 на 3

- најдобар кошаркарски судија

-најдобар македонски тренер во странство

-најдобар македонски кошаркар во странство

-најдобра македонска кошаркарка во странство

-најдобра младинска репрезентативна селекција

ЛИНК ДО ЛИСТА ЗА ГЛАСАЊЕ: ПРЕДЛОГ-НОМИНАЦИИ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ ВО КОШАРКАТА ВО 2023 ГОДИНА

НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ:

(Според принцип на одбирање/заокружување на предложените)

ПЕТ поени за најдобриот избор,

ТРИ поени за вториот, и

ЕДЕН поен за третиот предложен во вашиот избор