Успехот на нашите млади кошаркари кои го освоија првото место на ЕП од Дивизијата 2б“ во Скопје, одекна силно низ свтот. „Допре“ и до далечната Австралија, а причини големо задоволство и гордост и кај Андон Дончевски, поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација.
„Со голема радост во срцето прочитав за величествениот успех на младите Македонски лавови.Златниот тим, Европски младински шампиони, нашата горда иднина.
Деца мои,храбри Македончиња: Нека ви е честита победата, златото е Ваше и наше. Ние Македонците од сиот свет, а посебно тука во далечната Австралија сме горди што ве имаме. Вие сте нашата надеж и чест. Златото го заслуживте со вашата храброст и огромниот труд, пожртвуваноста и големата борба. Битката е добиена, ви останува да се потврдите и понатаму. Вие и вашето водство можете и ќе покажете на сиот свет каде е и која е Македонија.
Продолжете ги стапките на сите Македонски спортисти, во минатото и во сегашноста. Вие сте нашите нови Комити, нашата светла иднина.
Благодарам на ВМРО и на Премиерот, на Македонската кошаркарска Федерација и на сите спортски работници за несебичната подршка на младите Македонски лавови.
Само храбро во натамошните битки и победи“.
Чичко Дончо,
Андон Дончевски