Македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром, битолски Пелистер и ТФТ Моцарт, денеска го почнуваат новото издание на АБА 2 лигата.
Вкупно 14. екипи од просторите на поранешната сојузна држав се собрани во Суботица, каде се игра првиот т.н. „балон“ од второто, според квалитет, регионано натпреварување.
Во вкупно 13. кола, распределени на неколку турнири од кои првиот стартува денеска напладне, според „раунд-робин“ системот (секој со секого) ќе се бараат осумте најдобри кои ќе продолжат во плејофот, а потоа и до местото/та кои водат во погорниот ранг – АБА лигата.
Екипата од Аеродром важи како една од „најискусните“ во ова натпреваруавње. „Металците“ важат како „повратници“ по лошата ланска кампања во АБА конкуренцијата во која не обезбедија опстанок.
За ТФТ Моцарт и Пелистер пак ова натпреварување е добро позната работа. Двата тима беа дел од истото и во изминатите сезони, па оттука се очекува тоа „искуство“ да го преточат и во добар резултат.
Во Суботица ќе се одиграат првите две кола, а најинтересниот дуел за нас ќе биде на програмата на 13. октомври, кога од 15.часот, еден спроти друг ќе застанат МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.
Претходно, на 10. oктомври (од 21.часот),, „аеродромци“ ќе имаат уште еден сериозен предизвик, да бидат подобри од хрватскиот претставник Цедевита Јуниор.
На воведниот ден од натпреварите, вечерва, од 21.часот, ТФТ Моцарт ќе „отвори“ против еден од најдобрите тимови во оваа конкуренција во последно време, српскиот Златибор. Два дена подоцна, „црно-белите“ ќе ги одмерат силите со уште еден квалитетен ривал – Широки.
Освен „македонското дерби“ со МЗТ Скопје Аеородром, на овој турнир „пелистерци“ ќе играат и против екипата на ГГД Шенчур, во натпревар кој е закажан за 11. октомври, со почеток од 15.часот.
АБА 2 ЛИГА - ПРВ ТУРНИР - СУБОТИЦА
(РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ)
9. ОКТОМВРИ
21.00: ТФТ Моцарт – Златибор Голд Гондола
10. ОКТОМВРИ
21.00: МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Јуниор
11.ОКТОМВРИ
15.00: ГГД Шенчур - Пелистер
18.00: Широки – ТФТ Моцарт
13. ОКТОМВРИ
15.00: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром