13.08.2021

Победата од (92:22) е најубедливата за една наша женска младинска селекција во историјата

Македонските кадетки моќно и против Ерменија

Женската кадетска репрезентација на Македонија продолува со одличните настапи и победи на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси.

По ден предвиден за одмор, нашите млади кошаркарки славеа убедлива победа во средбата против Ерменија од дури 70.поени разлика

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА       92:22

Тоа е и рекордната победа на една наша младинска репрезентација во европските натпреварувања.

И трет триумф по ред за избраничките на селекторот Никола Златев на „балонот“ во главниот град на Грузија.

А токму селекцијата на Грузија ќе биде нашиот следeн противник во натпреварот кој е закажан за сабота, од 17. часот.

На дуелот со нерамноправниот противник, уште во првиот период направивме (17:2), што беше јасен показател за квалитетите на двете селекции. Најубедливи, нашите кадетки беа во третата чевртина која ја реализираа во своја корист со (32:4)