05.11.2020

Терминот и местото на одигрување на вториот „балон“ ќе бидат дополнително објавени од страна на менаџментот на лигата

Македонското дерби во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром-Работнички, ќе се игра во осмото коло!

Непосредно откако менаџментот на АБА 2 лигата ги објави промените во системот и календарот за натпреварување во сезоната 2020/2021, дополнет е и распоредот на натпреварите до крајот на регуларниот дел.

Односно за натпреварите од 5. до 13. првенствено коло по кои ќе се бараат осумте најдобри екипи кои ќе бидат дел од плеј-офот, и последните четири кои ќе се борат за опстанокот во второто според квалитет, натпреварување на Јадранот.

На вториот турнир, чие место и време на одигрување ќе биде дополнително објавено, екипата на Работнички ќе игра со Спарс (5.коло), Горица (6. коло), Златибор (7.коло), а големото македонско дерби со МЗТ Скопје е предвидено за осмиот круг од натпреварите.

Во 5. коло, МЗТ Скопје Аеродром го чека средба со словенечкиот претставник - Хелиос, во наредното, „металците“ играат со Слобода од Ужице, а потоа и со екипата на Студентски центар од Подгорица.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД на натпреварите во АБА 2 лигата во регуларниот дел од сезоната...