13.10.2020

Ако здравствените услови го овозможат тоа, двете македонски екипи во првото коло ќе се сретнат во Куманово

Македонското дерби во БИБЛ поместено за 27. октомври

Паралелно со потпишувањето на спонзорскиот договор со компанијата „Деласпорт“, менаџментот на БИБЛ лигата го објави и распоредот на натпреварите во онаа балканска „Е“ група од новата сезона.

Како што беше и претходно најавено, во првото коло кое треба да се игра на 20. октомври ќе се игра средбата Академик Пловдив-Берое.

Ден подоцна, требаше да се игра и македонското дерби. Дуелот во Куманово, каде требаше да гостува дебитантот во ова натпреварување, екипата на ТФТ од Скопје.

Но со оглед на неповолниот здравствен билтен кај „црно-белите“ од Скопје го овозможи тоа, и ако се земе в предвид дека неколкумина играчи беа позитивни на ПЦР тестовите кои беа спроведени непосредно пред почетокот на новата натпреварувачка сезона во Првата лига, овој меч е презакажан.

Ќе се одигра на 27. октомври, кога според официјалниот календар треба да се одигра второто натпреварувачко коло. Согласно со тоа, дуелот на ТФТ против Берое, односно оној на Куманово против Ибар, ќе бидат преместени во друг термин.