Неверојатно беше големото финале на турнирот во Тетово, посебно кога станува збор за оние индивидуални изведби во текот на двата натпреварувачки дена.
На крајот, само еден од плејадата млади кошаркари мораше да биде најдобар меѓу најдобрите.
А наградата за најкорисен играч на „Фајнал-фор“ турнирот ја доби најдобриот играч на шампионската екипа, Вардар, Максим Данев.
Младиот кошаркар на екипата од Скопје реализираше 35.поени во финалето, извесно, даде најголем придонес во победата на Вардар, и сосема заслужено го понесе вредното признание.