По сработеното во Гевгелија и двете контроли со Швајцарија, сениорите се во Скопје, каде одработија два тренинзи во салата на СРЦ „Кале“. Пред утрешното заминување за Куманово, ќе биде одработен уште еден.
Победите на пријателските мечеви против репрезентацијата на Швајцарија дополнително ја „покачија“ самодовербата кај нашите момчиња, но и онаа потребна „работна атмосфера“ во тимот.
„Земајќи во предвид дека сме се млади играчи, атмосферата можам да кажам дека е одлична“ – вели Максим Митевски.
„Имаме голема енергија и големи очекувања пред се да покажеме на Македонија има надеж и потенцијал во нас младите. Нам ни останува да го дадеме максимум“.
Младиот бек смета дека дека во овие неколку дена до почетокот на претквалификациите, ќе бид еуште подобри:
„Имавме добар подготвителен период, каде во пријателските натпревари против Швајцарија покажавме дека сме на добар пат. Се надевам дека остатокот од подготовките ќе мине исто така добро. Пред се од здравствен аспект. сигурно дека со напорен тренинг на теренот во Куманово ќе истрчаме максимално подготвени“ - дополни Митевски.