01.03.2020

Малку бројки пред дербито број 151: Работнички е во предност, барем според традицијата

Што вели традицијата на меѓусебните дуели помеѓу двата најтрофејни клубови во историјата на македонската кошарка пред нивната 151. по ред пресметка закажана за вечерва од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“. 

* Односот победи порази е далеку на страната на Работнички. Екипата од „Градски парк“ има 89. победи во меѓусебните дуели, онаа другата, „сино-белата“ може да се пофали со 61. успех во овие пресметки.

* Кога се бројат сите оние официјални натпревари одиграни во населбата „Јане Сандански“, тука скорот е потполно израмнет. Двата најтрофејни клубови во земјата досега си поделиле по 32. победи кога во улога на домаќин бил МЗТ Скопје Аеродром...

* Многу поинакви се бројките кога натпреварите се играле во „Градски парк“. Тука Работнички е далеку понадмоќен затоа што досега имаат реализирано 47. победи, следени со само 19. порази...

* Двата најголеми ривали во македонската кошарка имаат одиграно вкупно 20.мечеви на т.н. „неутрален терен“. Тука се подразбираат оние мечеви кои во текот на две сезони (поради градењето на новиот СЦ „Јане Сандански“), МЗТ Скопје како домаќин ги играше во Спортскиот центар  „Борис Трајковски“во Скопје. 

И тука имаме егал бројки, односно по десет победи на двете страни (10-10).