Веднаш по завршувањето на финалниот натпревар во кој екипата на Бакест кам 2011 стигна до шампионскиот трофеј, беше избран и најкорисниот играч на турнирот во Македонска Каменица.
Главното индивидуално признание, од рацете на Јелена Антиќ, селекторот на женската репрезентација „Под 18“ години, замина во рацете на Марија Николов.
И повеќе од заслужени, ако се земат в предвид двете нејзини одлични партии, како во полуфиналето против Бадел 1862, така и во финалниот меч против ривалот од Крива Паланка.
Во последниот натпревар од сезоната, Николов реализираше 28.поени (2/8 за три, 8/16 за два и 6/10 за еден поен), додаде и шест асистенции, пет скока, три освоени и четири загубени топки за 37:34 минути поминати во игра.
Односно 22.индексни поени, најдобар индивидуален ефект и во финалето.