Пред момците на селекторот Никола Василев стои исправена селекцијата на Велика Британија. Состав, кој во првата фаза не покажа (пре)многу. Напротив, две победи во четири натпревари им беа потребни на младите Британци да се најдат во четвртфиналето. И да го играат вечерашниот натпревар во СРЦ „Кале“, против домаќинот на првенството - Македонија.
Репрезентација полна со самодоверба, и со енергија, која, според Марин Петков, ќе биде доволна да бидеме подобри, и да одиме во следниот круг од шампионатот.
„Самодовербата во тимот е на највисоко ниво. Во моментов имаме добра енергија, веруваме во себе. И нормално, одиме на победа.
Велика Британија е квалитетна репрезентација, завршија како второпласирани ви нивната група. Очекуваме нивна добра игра, брзи се атлетични. Но мислма дека ние сме фаворити во натпреваеот кој следува, и како што реков, очекуваме победа која води во полуфиналето“ – јасен е нашиот организатор на играта.
Инаку, се очекува да биде возбудливо и во останатите три четвртфинални пресметки.
Четвртфиналната програма на шампионатот во Скопје, стартува во 18.30 часот, а во Спортскиот центар Борис Трајковски“ ќе се сретнат селекциите на Португалија и Чешка.
Од 21.часот, во СРЦ „Кале“ ќе играат Холандија и Украина, додека пак во истото време, но на другата локација, за пласман во полуфиналето ќе се борат Швајцарија и Шведска.
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА:
18.30: МАКЕДОНИЈА – Велика Британија (СРЦ „Кале“)
18.30: Португалија – Чешка (СЦ „Борис Трајковски“)
21.00: Холандија – Украина (СРЦ „Кале“)
21.00: Швајцарија – Шведска (СЦ „Борис Трајковски“)