13.11.2023

„Митрашиновиќ е одлична кошаркарка, а ме радува што Јелена Антиќ е во стручниот штаб“- вели селекторката на Србија

Марина Маљковиќ: „Никогаш не е лесно да играш против Македонија“

Репрезентацијата на Србија ја оправда улогата на фаворит во дуелот со нашата. Девојките во сина комбинација го прикажаа сиот свој квалитет но и потенцијал, а предводникот од клупата, Марина Маљковиќ по завршувањето на оние 40.минути во салата на СЦ „Кале“ упати и доста позитивни работи на сметка на нашиот сениорски состав.

„Пред се, сакам да и честитам на Македонија, затоа што никогаш не е лесно да играч против нив, иако резултатот не го говори тоа. Митрашиновиќ е одлична кошаркарка, постигна 23. поени, а ме радува тоа што во стручниот штаб на Македонија е и Јелена Антиќ, мојата поранешна кошаркарка. Се чувствувам како во своја куќа во оваа земја“- потенцираше селекторката на Србија.

„Што се однесува до нас, ние ја подмладивме репрезентацијата, имаме доста нови имиња. Секакo, има и грешки, но има тука и доста позитивни работи. Се трудиме да имаме доста позитивности во играта, затoа што во февруари ни следува  најважната мисија за оваа генерација, а тоа е борбата за пласман на Олимписките Игри во Париз. Ќе дадеме се од себе да го оствариме својот сон, но и на целата наша земја, а тоа е три пати по ред кошаркарките на Србија да бидат на Олимписките Игри“ - дополни Маљковиќ.