02.06.2017

Марина, ти благодариме!

Македонската кошаркарска федерација сака јавно да и се заблагодари на Марина Маљковиќ која безрезервно ја прифати поканата да одржи демонстративен тренинг со сениорската селекција. Легендарната Маљковиќ синоќа демонстрира како изгледа еден нејзин вообичаен тренинг, а во моментов будно го следи натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија.

На малата пауза помеѓу првата и втората четвртина, Претседателот на МКФ, Петар Наумоски и се заблагодари на Марина Маљковиќ во името на целата кошаркарска јавност во републиката подарувајќи и го националниот дрес, со нејзиното презиме на грбот.