Македонија стигна до толку посакуваната награда – победа во претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година.
На крајот од трката, успеаа избраниците на селекторот Марјан Илиевски до голем триумф (82:75) против Унгарија, селекцијата која, пред не така долго време беа убедливо совладани.
На големо задоволство на предводникот на овој тим:
„Им честитам на играчите бидејќи денеска покажаа дека можат да одиграат натпревар во кој ќе си го знаат точното место во тимот и како ќе функционираат во него. Кажав дека контра-надпите ќе бидат наше најсилно оружје, го анулиравме и проблемот со скокови и слободно, можам да кажам дека напредуваме во однос на времето кое го имавме заедно. Ништо не може преку ноќ, за се треба време“- коментираше македонскиот селектор на прес-конференцијата по натпреварот со Унгарија.
И не застана тука Илиевски во своето излагање, имаше и што да каже за времето кое следува:
„Им благодарам на сите кои даваат поддршка на репрезентацијата и на нас како стручен штаб. Ние ќе продолжиме како што најдобро знаеме, критиките се тешки, но можат и да ни помогнат за развој на тимот. Повторно апелирам до клубовите да сметаат на овие играчи бидејќи ни претстојат други претквалификации, а кошаркарите треба да бидат носители на репрезентацијата. Тоа е единствена насока за помош на националниот тим во иднина“.

Не сака Илиевски премногу еуфорија по овој успешен настап макар бил и во оние финални 40.минути од претквалификациската трка:
„Играчите и стручниот штаб работеа максимално, поминавме време со прекрасни личности и спортисти. Верувавме едни во други и се надевам така ќе биде и во иднина. Не ја сфаќам еуфорично победата, таа е плод исклучиво на хемијата што ја имаме во тимот. Заокруживме циклус со победа што многу значи на почеток на еден долг пат. Ако ги земеме предвид резултатите, можеме да бидеме задоволни.
Ние се вклучивме во приказна која беше многу кратка. Изненаден сум од пристапот на играчите од првиот до последниот ден, кој колку придонел на паркетот не е важно бидејќи атмосферата беше на високо ниво, и никој не се штедеше. Нормално е да имаме детски болести, но тие се решливи и не би сакал да кажам дека тоа може да биде проблем во иднина“- заклучи Илиевски.