13.08.2025

„Мора да сум задоволен од прикажаното и изданието кое го имавме“

Марјан Илиевски: „Овој млад тим покажа карактер,се надевам дека овие искуства ќе ни бидат доволни за иднина“

Македонија загуби и од Романија (66:79) и се прости од претквалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2027 година.

По три меча забележавме исто толку порази, и пред последниот меч, оној со Унгарија во Скопје, закажан за 20.август, сме наа скор (0-3).

Селекторот Марјан Илиевски кратко ги анализира овие 40.минути во Ораадеа:

„На денешниот меч овој млад тим покажа карактер, по три дена имавме некаков менталитет и карактер кој мора да ни оди нагоре. Затоа мора да сум задоволен од прикажаното и изданието кое го имавме.

Романија го имаше резултатот, но ние не се предадовме до крај. Затоа уште еднаш потенцирам дека сум задоволен од карактерот на играчите и во иднина се надевам дека овие исксуства ќе ни бидат доволни да “набилдаме“ тимски дух и искуство во овој млад тим“ - изјави селекторот по мечот во Арената „Орадеа“.