Помешани чувства имаше селекторот Марјан Илиевски, селекторот на македонскатаа сениорска репрезентација, по порзот од Унгарија која на крајот беше и убедлив:
„Очекував денешниот натпревар да биде малку поинаков бидејќи мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз“.
Има и други работи за анализирање на играта во овие 40.минути кои нашата селекција ги прикажа во мепот со Унгарија:
„Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Погоди 15 тројки со 40% шут од дистанца. Екипата поседува квалитет и денеска беше мошне мотивирана за победа пред своите навивачи кои дадоа голема поддршка“.
Има место и за некои моменти на задоволство кај Илиевски:
„Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во иднина ќе играме многу подобро, но ни останува да се подобруваме, во секој поглед. Верувам дека во иднина ќе се надградуваме, а она на што треба да обрнеме внимание е дека кога резултатот оди во негатива, да не бараме брзи решенија бидејќи така само се продлабочува кризата. Јас им давам поддршка на играчите, тие двааат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство. Меѓутоа, сето она кое ќе следи е реалност, а таа реалност е искуството кое се уште не постои кај нас““ - рече Илиевски по мечот во Солнок.