Има огромна заслуга за подемот на Пелистер кој под негово водство две години по ред, игра(ше) во финалето на плеј-офот.
МЗТ Скопје се покажа како подобар противник во финалната серија, сепак, извесно, искусниот стручњак ги постави темелите на клубот од Битола.
„Чест сум што сум дел од една ваква манифестација што се одржува секоја година. За жал, не можам секогаш да бидам присутен. Меѓутоа морам да истакнам дека оваа награда ми е посебно значајна, бидејќи доаѓа во период кога бев тренер на екипа со која што ја минувавме низ доста потешкотии. Затоа, им се заблагодарувам на сите играчи кои што беа со мене, на стручниот штаб и на навивачите, без кои никогаш немаше да стигнеме и до ова, односно до резултати поради кои наградата вечерва дојде во моите раце. И нормално бидејќи доаѓам од клуб, односно и номинацијата доаѓа од клубот, КК Пелистер, сакам идната година, исто така како што колективите кои што вечерва ги добија наградите, и колективот КК Пелистер догодина да биде тука, во ова друштво“ – посака Илиевски на крајот на 2023 година.