Марјан Лазовски и Ристо Јаневски го посетија кампот за млади кошаркари - КФСМ
28.06.2017

Марјан Лазовски и Ристо Јаневски го посетија кампот за млади кошаркари

 

Селекторот на сениорската национална селекција во женска конкуренција, Марјан Лазовски, заедно со членот на Управниот одбор при Македонската кошаркарска федерација, Ристо Јаневски, денес го посетија кампот за млади кошаркари кој се одржува во Маврово. Вкупно 60 млади кошаркари помлади од 16 години имаат можност да впиваат знаење од 12 тренери од Република Македонија како и тројца од САД меѓу кои и координаторот на овој проект Крис Дајл. Советите од искусните тренери како и поддршката од нив ќе им биде од големо значење на младите кошаркари.