21.05.2024

Во мечот на одлука, репрезентативното крило на Вардар дојде до 46 индексни поени!

Марко Лукановски е МВП на финалниот турнир во Гевгелија

Актуелниот јуниорски репрезентативец и играч на КК Вардар, Марко Лукановски е најкорисниот играч на завршниот турнир од М18 лигата на Македонија во машка конкуренција.

Центарот на „вардарци“ имаше две одлични изданија, како во полуфиналето така и во мечот за титулата. Доминираше на двете страни од теренот, а финалниот меч, против екипата на Водно Санс, во кој неговата екипa славеше со резултат (106:97), го заврши со ефект од 25.поени, дополнети со 19.скока, но и пет асистенции за 38:46 минути поминати на теренот во салата „26.април“ во Гевгелија.

Односно индекс на корисност - 46!