13.02.2021

Денеска и утре, искусниот бек ќе работи одвоено во друштво со Ерен Хангун

Марко Симоновски на тренинг

Марко Симоновски во опрема за тренинг. Тоа е добрата вест пред почетокот на денешниот попладневен тренинг на нашата најдобра селекција.

По неколку „одработени“ терапии, кои треба да му помогнат во санирањето на проблемот со листот на левата нога, искусниот бек-шутер денешниот тренинг го одработи со помош на кондицискиот тренер Ерен Хангун.

Симоновски работеше одвоено од останатиот дел од екипата.

„Денеска и утре ќе работиме заедно со Ерен, во обид да го зајакнам листот на ногата. Се надевам дека ќе можам да бидам во полн тренинг во Перм“- вели Симоновски