Владимир Мирковски, селекторот на нашата најмлада машка селекција,„Под 14“ години го дефинираше списокот на кандидати кои ќе го реализираат првиот дел од тренажниот процес, а кој ќе стартува веднаш по Новогодишните и Божиќните празници.
Мирковски стави 25 имиња на поширокиот список на играчи кои ќе ги одработат седумдневните подготовки кои ќе се одвиваат во периодот од 8. до 15.јануари, во наредната 2023 година.
Согласно со плановите на стручниот тим, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе се тренира по два пати на ден, претпладне од 9.часот, и попладне од 15.30 часот.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ
1. Андреј Ацевски – КК Вибас-Скопје
2. Ијан Георгиевски – КК Вибас-Скопје
3. Давид Бранов – КК МЗТ Скопје Аеродром
4. Стефан Сотировски – КК МЗТ Скопје Аеродром
5. Димитар Сисирковски – КК МЗТ Скопје Аеродром
6. Петар Трајковски – КК МЗТ Скопје Аеродром
7. Кан Шабани – КК Гостивар
8. Кристијан Коцевски – КК Борец-Велес
9. Александар Јанкуловски – КК Тетекс-Тетово
10. Матеј Стојановски - ГКК Охрид
11. Никола Костов - КК Водно Санс-Скопје
12. Филип Оцепек – КК Куманово
13. Теон Бошковски – КК Работнички-Скопје
14. Дино Беговски – КК Работнички-Скопје
15. Стефан Илиев – КК Работнички-Скопје
16. Лука Милевски – КК Феникс 2010-Скопје
17. Лука Чучанов – КК Кожув-Гевгелија
18. Христијан Божиновски – КК ИБА-Скопје
19. Марко Солев – КК ИБА-Скопје
20. Божин Мицковски – КК ИБА-Скопје
21. Арт Беџети – КК ИБА-Скопје
22. Давид Давитковски – КК ИБА-Скопје
23. Стефан Стојковски – КК Вардар-Скопје
24. Павел Гиновски – КК Вардар-Скопје
25. Димитар Дуев – КК Вардар-Скопје
Тренер: Владимир Мирковски