17.02.2025 Квалификации за Евробаскет 2025 Најкорисниот играч на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ за 2025 година, Андреј Маслинко, воопшто не се сомнева во способностите на своите соиграчи кои ќе ја разигруваат екипата на претстојните два натпревари против Естонија и Полска. Тој вели, тандемот Димитријевиќ - Шортс ќе придонесе во целта - пласман на Европско првенство. „Одиме на две победи. Двете репрезентации ни се познати. Со Естонија и во претходниот циклус имавме две средби така што мораме да победиме ако сакаме да играме на Европско првенство. Секако, напаѓачки сега сме доста подобри. Имаме двајца плејмејкери кои можат да играат со топката. Малку сме послаби на центарски позиции, меѓутоа ќе се обидеме да надокнадиме на тоа. Секогаш сум тука за Македонија“ - истакна најкорисниот играч на Купот, Андреј Маслинко.