Денеска, во кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се одржа церемонија на доделување на „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“.
На свеченоста на која присуствуваше и првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ, Претседателот Пендаровски одликува пет истакнати спортисти, великани и легенди кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.
Со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија” беа одликувани Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски Буштур (постхумно), како и Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.