04.08.2022

.

Меѓународен пријателски турнир Скопје: Пораз од Турција за крај на турнирот

Машката кадетска репрезентација вечерва го одигра и последниот пријателски натпревар во рамки на предвидениот подготовителен период во пресрет на Европското Првенство за кошаркари до 16 години кое ќе се одигра во Скопје за нешто повеќе од една седмица.
Во последниот натпревар, против соодветната селекција на Турција, нашите кадети запишаа пораз од 59-78 односно 16-17, 10-24, 17-19 и 16-18 по делници.

За селекторот Андреј Апостолски Лечиќ, неговите стручни соработници и играчкиот кадар кој го има на располагање следи ден пауза па заминување за Маврово каде ќе се реализира и последната фаза од посготвителниот период.

Натпреварите во рамки на Европското Првенство, дивизија А, ќе започнат на 12. август. Македонската репрезентација натпреварите од групната фаза ќе ги одигрува во СРЦ Кале со почеток во 18:45.