Екипите на Пинар Каршијака и Бора ќе играат во големото финале на меморијалниот турнир „Боби Петковски“, откако во полуфиналните средби излегоа како победници против македонските претставници на собирот во Гевгелија, екипите на Работнички и Кожув.
КОЖУВ – БОРА ПРИШТИНА 76:77
Екипата домаќин на турнирот во Гевгелија има за што да жали по одигрувањето на полуфиналниот меч против Бора од Приштина чиј капитен е македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ.
Имаа одличен почеток избраниците на тренерот Апостоли Апостолов. Воо воведниот период се стекнаа со двоцифрена предност (23:13), а слична предност имаа и по заминувањето на голем одмор (43:35).
Екипата од Гевгелија водеше и по три одиграни периоди (69:65), но подзастана кога за тоа беше најпотребно, во последната.
Во пенал-завршница, гостите од Приштина дојдоа до минимален триумф (77:76), и обезбедија место во големото финале кое ќе се игра вечерва од 20.часот во салата „26.април“.

Петмина домашни кошаркари завршија со десет или повеќе реализации. Најмногу, 16, дојдоа од новакот Девон Хигс (имаше и шест скока), блиску до двоен ефект беше македонскиот репрезентативец во редовите на Кожув, Теодор Симиќ, која постигна 14.поени, а додаде и девет скока.
Уште едно ново лице во тимот од Гевгелија, Родни Первис, даде 12. поени, Никола Бојчев го следеше со 11. реализации додека десет поени постигна уште еден нов играч во составот од Гевгелија, Арсениј Вучковиќ.
Адем Мекиќ реализираше десет поени, имаше и седум скока за нешто повеќе од 29.минути проведени во игра како предводник на Бора.
ПИНАР КАРШИЈАКА – РАБОТНИЧКИ 84:74
Екипата од Измир, за која настапува и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Михаил Наумоски, оствари почетна предност. Во воведните десет минути Каршијака поведе со двоцифрени (24:13), а до истекот на првото полувреме, таа позитива беше уште поголема, (52:35).
Новиот тим на Работнички одигра најдобро во третиот период, кој го реши во своја корист со високи (26:14), за да ја симне негативата на достижна (61:66) но избраниот тим на новиот тренер Владимир Мирковски немаше сили за комплетен пресврт, па во финалето се најде Пинар Кашијака.
Џордан Онил реализираше 21.поен, имаше и шест скока, вториот новак Џејкоб Хатсон постигна 16 (плус и осум скока), додека трет „двоцифрен“ во екипата од Скопје беше Брендон Витни, кој освен 11.поени, додаде и осум успешни додавања.
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Кожув – Бора 76:77
Пинар Каршијака – Работнички 84:74
10.СЕПТЕМВРИ (СРЕДА)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
18.00: Кожув – Работнички
ФИНАЛЕ
20.00: Бора – Пинар Каршијака