11.09.2025

Турскиот тим беше сигурен против косовскиот Бора (78:59). а во натпреварот за третото место скопските „црвено-бели“ сигурни (85:71)

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ - ГЕВГЕЛИЈА: Пехарот за Пинар Каршијака, Работнички подобар од Кожув

Екипата на Пинар Каршиака е победник на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија.

Во финалниот меч, екипата од Измир беше доста подобар ривал од косовскиот прволигаш Бора и го освои првото место на турнирот.

БОРА – ПИНАР КАРШИЈАКА 59:78

Турскиот состав ја најави победата уште во првиот период, во кој оствари позитива од десет поени (20:10), која до крајот на полувремето ја зголемија на (35:22).

Екипата од Приштина имаше свои минути во третиот дел од играта во кој анулираа поголем дел од двоцифрениот минус, намалија на достижни (49:55). Но во последниот и решавачки период, Каршијака ја врати предноста изразена со две бројки и дојде до победничкиот пехар, наменет за најдобрата екипа на собирот во Гевгелија.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Резарт Мемед, беше најефикасниот играч во екипата на Бора, реаиозираше 14.поени, додека надвор од тимот за овој меч беше Адем Мекиќ.

Инаку, поради повреда здобиена ден порано, во полуфиналниот дуел со Работнички, за Пинар Каршијака не настапи Михаил Наумоски.

КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ 71:85

Одлично одиграната трета четвртина, беше доволна за екипата на Работнички да стигне до победата во „малото финале“ против Кожув.

Во тие десет минути, скопските „црвено-бели“ направија скор (29:14), и минималната негатива која ја имаа на полувремето (37:38), ја претворија во триумф.

Џејкоб Хатсон оствари дабл-дабл ефект, имаше 20.поени и 10.скока во победничката екипа. Брет Томпсон постигна 18, Џордан Онил имаше 16, а Дамјан Робев заврши со 11.поени.

Во екипата од Гевгелија, Первис реализираше 17.поени, Хигс имаше 16, а Вучковиќ уште 11. поени.

ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Кожув – Бора 76:77

Пинар Каршијака – Работнички 84:74

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Кожув – Работнички 71:85

ФИНАЛЕ

Бора – Пинар Каршијака 59:78