Машката селекција на Македонија на играчи „Под 18“ со победа против Црна Гора го заврши учеството на првиот меморијален турнир „Боби Петковски“ кој во изминатите три дена се одржуваше во Гевгелија.
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 65:57
Избраниците на селекторот Тони Симиќ го одиграа веројатно и најдобриот натпревар, не само на турнирот во Гевгелија, туку и воопшто во подготвителниот период. Против една силна селекција како црногорската играа како што само може да посака нивниот предводник од клупата.
Уште во првата четвртина нашите јуниори испратија порака дека сакаат собирот на југот од Македонија да го завршат со максимален ефект. Односно по победите против Грција, Бугарија истото да го направат и против Црна Гора. Иако водеа „само“ со (16:11), покажаа подготвеност да го држат на високо ниво темпото на играта. Така беше и во продолжение на оваа „контрола“, до истекот на полувремето нашиот јуниорски тим изгради уште поубедливо, двоцифрено водство (46:36).
Во тоа полувреме, блескаше Теодор Симиќ кој на 15.поени додаде и шест скока.
Но тука не застанаа напротив, по 26.минути од играта имаа и двојно поголеми (51:31) па (53:33), за третата четвртина да финишира со резултат (55:40).
Нашиот највисок кошаркар беше и најдобриот на теренот. Застана на бројката од 24. поени, имаше и девет скокови, две успешни додавања. Одлично беше следен од Андреј Шошкиќ кој го дополни со 13.поени, плус и пет успешни додавања.
По завршувањето на турнирот во Гевгелија, нашата селекција „Под 18“ години продолжува за Дарувар, каде на 19. и на 20.јули (вторник и среда), ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Хрватска.
РЕЗУЛТАТИ
1.КОЛО
Црна Гора – Бугарија 71:56
МАКЕДОНИЈА – Грција 64:61
2.КОЛО
Грција – Црна Гора 78:66
Бугарија - МАКЕДОНИЈА 73:76
3.КОЛО
Бугарија – Грција 64:81
МАКЕДОНИЈА – Црна Гора 65:57