24.11.2020

Италијанскиот селектор веќе доби еден отказ...

Мео Сакети мора да менува, ќе ги користи и „резервите“

Селекцијата на Италија нема да ги почне подготовките за претстојниот турнир во Талин со планираниот тим.

Непосредно пред собирот во Рим, селекторот Мео Сакети доби негативен одговор на неговата покана упатена до Паоло Банчеро.

Поради влошената ситуација која ја предизвика пандемијата на коронавирусот, но и приватни причини, младиот кошаркар одлучи да остане во САД.

Па на местото на еден од најголемите италијански проспекти, Сакети одлучи да повика еден од тројцата резервисти. Во оние 16. кои треба да се појават на првиот тренинг во Рим, се најде за 211. сантиметри високиот Леонардо Тоте, играч на Фортитудо Болоња.