Репрезентацијата на Италија е нашиот прв противник на „балонот“ во Талин. Во сабота попладне, од 15.часот, аѕурите излегуваат како фаворит во дуелот со нашиот видно променет состав кој го одреди селекторот Александар Тодоров за овој ноемвриски квалификациски циклус.
Имаа голема „олеснителна околност“ избраниците и нивниот селектор Мео Сакети, од проста причина што овие квалификации ги играат „надвор од конкуренција“, со оглед на тоа дека се една од четирите земји кои се ко-организаторите на следниот голем настан во европскате репрезентативна кошарка – Евробаскетот.
Од друга страна и одлична можност за Сакети, да провери и некој друг репрезентативен „кадар“ пред да почне европскиот шампионат.
Така е и во „балонот“ во Талин, каде популарниот „Мео“ донесе уште пет „идни репрезентативци“ на Италија
„Овие момци ми испратија порака, и јас ја добив. Навикнав да ги гледам сите во лигата, но сакав да ги видам во оваа средина, и со овој дрес. На оние неколку тренинзи пред да заминеме на ‘меурот’, ми се допадна односот и желбата да заработат место, и покрај сите оние напори кои ги имаат во клубовите“ - вели Сакети.
Планира да им даде шанса на некој од нив на дуелите со Македонија и со Русија.
„Неколкумина од нив ќе имаат можност да дебитираат во азурниот дрес, и она што најмногу го посакувам е да го го обновам тој дух виден во февруари минатата година, кога покрај победите имаше неверојатно учество и вклученост дури и од оние кои не беа во тимот. Дојдовме во Талин да играме најдобро што знаеме и умееме, и затоа што кога ќе го носите дресот на репрезентацијата, секој натпревар се брои“- појаснува Сакети пред утрешниот дуел со нашата селекција