18.02.2021

„Ќе се соочиме со две селекции кои немаат калибар на Русија, и кои нема да се предадат ни една педа“

Мео Сакети пред средбата со Македонија: „Вниманието и концентрацијата ќе бидат одлучувачки за нас“

Селекторот на Италија, напито денешен противник, Мео Сакети вели е задоволен од досега прикажаното од страна на аѕурите. Но сака неговите играли успешно да ја довршат работата во квалификациите:

„Како и секогаш во националниот тим има добра атмосфера и задоволен сум што гледам како момците брзо се интегрираат и се чувствуваат добро заедно. Не е тривијално и среќен сум со тоа. За неколку дена ќе треба да се соочиме со три натпревари и ќе треба соодветно да се дозираат и минутите, за да не се заморуваме и истовремено да продолжиме да нудиме добри настапи. Веќе сме квалификувани и сите го знаат тоа. Но она што никој досега не може да го игнорира е дека повиканите играчи немаат намера да ја изгубат можноста да се покажат и да се подобрат.

Сите ние сакаме да го завршиме ова патување на најдобар можен начин. А најдобриот начин е да се победи. Ќе се соочиме со две селекции кои немаат калибар на Русија и затоа, најверојатно, ќе треба да се борат едни со други за само едно место на Европското првенство. Се подразбира дека тие нема да се предадат ниту за една педа. Вниманието и концентрацијата ќе бидат одлучувачки за нас“- гласи коментарот на предводникот на Италија пред средбата со нашата најдобра селекција, закажана за денеска од 15.30 часот.