И во наредните два натпревари од квалификациите за ЕП 2022 година, селекцијата на Италија ќе продолжи во исто стил како и на претходните два.
Селекторот Ромео Сакети одлучи да не менува скоро ништо во однос на онаа добитна „формула“ која на „азурите“ веќе им донесе две победи во квалификациите, со селекциите на Русија и на Естонија.
Во очекување на дуелот со нашиот национален тим, Сакети објави една подолга листа на кандидати на кои ќе смета за „балонот“ во Талин, каде освен дуелот со нашиот состав, италијанскиот ќе игра и против рускиот (на 30. ноември).
Иако во овој дел од сезоната, макар и неочекувано, НБА ѕвездите кои доаѓаат од Апенините се слободни за настап во националниот тим, Сакети одлучи да не го прави тоа. Им даде „одмор“ на Данило Галинари, Марко Белинели, Николо Мели, но и оние од домашниот шампионат, како на пример, Луиџи Датоме.
И има право на тоа, ако се земе в предвид дека во овие квалификации Италијанците учествуваат „надвор од конкуренција“ со оглед на тоа дека се домаќини на една од групите на Евробаскетот 2020 (ќе се игра во Милано).
Подолг список на националниот тим на Италија:
Авуду Абас (1993, 198, крило, Виртус Болоња), Никола Акеле (1995, 203, центар, Тревизо), Давиде Алвити (1996, 200, центар, Трст), Томасо Балдасо (1998, 191, бек, Виртус Рома), Филипо Балди Роси (1991, 207, крилен центар, Реџо Емилија), Паоло Банчеро (2002, 206, центар, О’Деа Хај Скул – САД), Пол Билига (1990, 200, центар, Армани Милано), Џордано Бортолани (2000, 193, бек, Бреша), Леонардо Канди (1997, 190,бек-шутер, Реџо Емилија), Давиде Касарин (2003, 194, бек-шутер, Венеција), Амедео Дела Вале (1994, 196, крило, Будуќност–Црна Гора), Матео Фантинели (1993, 195, бек, Фортитудо Болоња), Рафаел Гаспардо (1993, 207, центар,Бриндиси), Саша Грант (2002, 198, крило, Баерн–Германија), Давиде Морети (1998, 190, бек, Армани Милано), Алесандро Пајола (1999, 194, бек, Виртус Болоња), Андреа Пекиа (1997, 197, бек крило, Канту), Џампаоло Ричи (1991, 202, крило, Виртус Болоња), Микеле Рузиер (1993, 183, бек, Варезе), Марко Спису (1995, 184, бек, Сасари), Амедео Теситори (1994, 208, центар, Виртус Болоња), Стефано Тонут (1993, 194, бек, Венеција), Леонардо Тоте (1997, 211, центар, Фортитудо Болоња), Микеле Витали (1991, 196, бек, Бамберг – Германија)