Кошаркарот на победничката екипа Водно Санс, Михаил Ангеловски, ја доби наградата за најкорисен играч на финалниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција.
Ангеловски одигра одлично во полуфиналето, но беше уште подобар во финалето во кој влогот беше шампионската титула.
Бекот на Водно Санс ги одигра скоро сите 40.минути, притоа дојде до учинок изразен преку 29.поени (2/4 за три, 7/13 за два и 9/9 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа додаде и десет асистенции, но и шест скока, со само една загубена топка во текот на финалето.
Сето заедно за индекс 36, најмногу во двете екипи-финалисти на М16 лигата.