27.12.2022 Најдобра млада македонска кошаркарка за 2022 година Втора година по ред, го добива признанието за најдобра млада кошаркарка. И повеќе од заслужено ако се земе в предвид дека беше и двигател на сите активности на екипата на Крива Паланка на патот кон шампионската титула во М18 лигата. Во исто време тие нејзини добри игри беа причина плус освен стандардното место во јуниорската, да добие и повик за настап во сениорската репрезентација. "Ми претставува огромно задоволство што оваа награда и годинава е во мои раце. Признанието е доказ дека упорната работа, посветеноста и вложениот труд секогаш даваат резултати. Полека се уверувам во сето тоа, а уште поважно од сѐ е дека тоа некој го цени и наградува. Затоа сакам да се заблагодарам на КФСМ што го препознава и наградува мојот труд. Благодарност до моите тренери од матичниот клуб КК ‘Крива Паланка’: Ведран, Мики и Виктор. Благодарност до сите тренери и селектори од младинските и сениорската репрезентација со кои имав можност да соработувам. Секако, им благодарам на сите мои соиграчи со кои споделував заеднички моменти и на моите спонзори: Илијана и Ненад Коцевски, Филип и Дејан, а најголема благодарност упатувам до моите родители и семејството кои секогаш се покрај мене. Наградата е мотивација за уште поголеми достигнувања и заеднички успеси“- рече Михаела по „репризата“ на ланската сезона, и уште едно индивидуално признание.