Селекторот Владимир Ѓоровиќ ги сумира оние први впечатоци по 40.одиграни минути против Хрватска во кои загубивме со (62:80).
„Секако дека не можам да бидам задоволен со пораз. Но задоволен сум како девојките се бореа и одиграа, говорам за сите нив. Знаевме на кое ниво се Митрашиновиќ, Бонер,Трајчевска и Кметовска. Но морам да кажам, јас сум задоволен од ангажманот на целата екипа која одигра цврсто и карактерно“- потенцира Ѓоровиќ.
Факт е дека Хрватска беше фаворит, и дека ја оправда таа улога на фаворит.
„Противникот одличен ,со 100% учинок во нашата група. Со вонсериски играч како Дојкиќ. Пробавме со четири различни одбрани да одиграме на неа, но не успеавме во тоа. Видов, имаме уште простор за напредување. Сега е најбитно да преспиеме. Да видиме добро каде грешевме. Да се опоравиме и спремни да го дочекаме натпреварот со Германија во сабота. Честитки до екипата на Хрватска, и уште еднаш, честитки за ангажманот на нашите кошаркарки и стручниот штаб“- додава селекторот на нашиот женски национален тим.