Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва ги почнува мини-подготовките за претстојните квалификациски натпревари од Светскиот Куп во 2023 година.
Селекторот Драган Бајиќ, за вечерва од 19.часот, го предвиде првиот собир кој ќе биде реализиран во А1 Арената „Борис Трајковски“, каде и ќе го играме следниот натпревар од групата „Г“ од февруарскиот ФИБА „прозорец“.
Со оглед на краткото временско растојание, до одигрувањето на натпреварот од 3. коло, закажан за 24. февруари во Тбилиси, против репрезентацијата на Грузија, сениорите ќе одработат уште еден тренинг, на 22. февруари (вторник) од 10. до 12. часот, исто така во големата сала на А1 Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Истиот ден, во вечерните часови, е предвидено заминувањето за главниот град на Грузија.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ
*Членови на стручниот и играчкиот дел од нашиот сениорски национален тим ќе бидат на располагање на медиумите во периодот од 18.45 до 19.00 часот, односно непосредно пред почетокот на првиот тренинг, и ќе може да ги проследат првите 15. минути од тренинг-активностите, во определена зона на трибините на А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Истото се однесува и за вториот и последен тренинг на сениорите, пред заминувањето за Грузија, а ќе биде реализиран на 22.февруари (вторник), со почеток од 10.часот.