10.01.2024

Во рамките на развојниот проект „Заедно до М16“, во наредните денови тренинзи во СРЦ „Кале“ во Скопје

Мини тренинг-камп за националната селекција „Под 14“ години

Машката селекција на играчи, родени 2010 година, кои се дел од националниот тим „Под 14“ години, ја има таа чест, привилегија, да биде првата која од нашите репрезентативни селекции ќе стартува со активности во новата 2024 година.

Момчињата родени 2010 година, кои беа селектирани во изминатиот период, од 9. до 14. јануари се дел од националниот тренинг-камп, кој е дел од развојниот проект „Заедно до У16“.

Тренинзите ќе се одвиваат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, а дополнително засилување на стручниот штаб во кој се главниот тренер тео Митевски и Бесарт Мухидини, во улога на асистент, ќе биде стручњакот за кондициска подготовка, професор Александар Кукриќ.

При оваа нова посета на нашиот главен град, Кукриќ им се стави на располагање на младите тренери во процесот на индивидуална подготовка на младите кошаркари, кои во текот на оваа календарска година ќе бидат дел од проектот „Заедно до У16“, во кој, во наредните неколку месеци, е опфатено и одигрување на неколку турнири кои се дел од проектот на ФИБА.

Список на повикани кошаркари:

Филип Ѓорѓиевски – МЗТ Скопје А.

Ведран Димишковски – МЗТ Скопје А.

Јован Гајиќ – МЗТ Скопје А.

Хамза Драголовчанин – МЗТ Скопје А.

Синиша Трпчевиќ – Вардар

Војдан Чадиновски – Вардар

Марин Поповски – Вардар

Никола Блажевски - Вардар

Јосип Џолев - Вардар

Војдан Стаменковски – Водно Санс

Рон Јетеши - Работнички

Илија Коневски – Феникс 2010

Лука Трајковски – Феникс 2010

Дион Шабани – Црн Дрим

Михаил Ангеловски – МКК Куманово

Лука Јангелов – Дино баскет Деликатес

Давид Ристов – Дино баскет Деликатес

Тома Бачоски – Љуботен

Ален Лика – Шкупи

Новак Николиќ

Стручен штаб

Тео Митевски – главен тренер

Бесарт Мухидини – помошник тренер