Уште едно посебно дружење на момчињата и девојчињата во генерациите 2014/2015 односно 2016/2017, од 21. клуба, односно повеќе од 60 екипи кои испратија пријави за овој кошаркарски хепенинг во Скопје, во кој свој придонес, со слатки подароци, даде и компанијата „Виталија“, а тука, како и секогаш во вакви прилики, беше и „Изворска“.
Оваа недела, во салата на СРЦ „Кале“ на неколку специјално креирани терени, прилагодени за најмалите возрасни кошаркарски категории, оваа недела продефилираа повеќе од илјада идни кошаркари и кошаркарки.
Имаа една прекрасна можност да се дружат, но во исто време и да ги проверат своите актуелни кошаркарски знаења со своите врсници од разни градови од Македонија кој беа дел од овој убав настан реализиран од страна на Македонската кошаркарска федерација.
Комллетна фотогалерија на фан страницата на Македонската кошаркарска федерација