26.10.2023

Во недела, со почеток од 09.00 часот, во СРЦ „Кале“, закажуваме дружење со најмладите кошаркар(к)и од генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017

Минибаскет фестивал во Скопје

Овој викенд, поточно неделата, е предвиден за одржување на минибаскет фестивалот.

Во салата на СРЦ „Кале“, почнувајќи од девет часот, на неколку специјално креирани терени, прилагодени за најмалите возрасни кошаркарски категории, ќе продефилираат повеќе од осумстотини идни кошаркари и кошаркарки.

Посебно дружење на момчиња и девојчиња во генерациите 2014/2015 односно 2016/2017, од 24. клубови, односно 59. екипи кои испратија пријави за овој кошаркарски хепенинг во Скопје, во кој свој придонес, со слатки подароци, ќе даде и компанијата „Виталија“, а тука, како и секогаш во вакви прилики, е и „Горска“.

А за оние најдобрите, следуваат и посебни признанија од страна на Македонската кошаркарска федерација.  

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

СРЦ „КАЛЕ“ – ТЕРЕН 1

09.00: Вардар 1(14/15 – МВП 1 (14/15)

09.45: Ангели (14/15) – Вардар 2 (14/15)

10.30: Тетекс ТТК (14/15) – Вардар 4 (14/15)

11.15: Спортисимо 2 (14/15) – Феникс 2010 (14/15)

12.00: Гостивар (14/15) – ТФТ (14/15)

12.45: Прима Баскет (14/5) – МВП 5 (14/15)

13.30: Бадел 1862 (14/15-ж) – Феникс 2010 (14/15 ж)

14.15: Спорт Тим (14/15-ж) – Баскет Кам (14/15-ж)

15.00: МВП 4 (16/17) – Феникс 2010 3 (16/17)

15.45: МЗТ Скопје (16/17) – Феникс 2010 4 (16/17)

СРЦ „КАЛЕ“ – ТЕРЕН 2

09.00: Тим Баскет (14/15) – Феникс 2010 2 (14/15)

09.45: Тим Баскет (16/17) – Борец Баскет (16/17)

10.30: МВП Струмица (14/15) – Феникс 2010 1 (14/15)

11.15: Декса (14/15) – Вардар 3 (14/15)

12.00: Риниа (14/15) – Младост 2 (Б) (14/15)

12.45: Спортисимо (14/15) – Вардар 5 (14/15)

13.30: Тетова Булс (14/15-ж) – Пониква 14/15-ж)

14.15: Ангели (16/17) – Феникс 2010 1 (16/17)

15.00: МЗТ Скопје 1 (14/15) – Шкупи (14/15)

15.45: Пониква (16-17-ж) – Феникс 2010 (16/17-ж)

СРЦ „КАЛЕ“ – ТЕРЕН 3

09.00: МВП 2 (14/15) – Работнички (14/15)

09.45: Тетова Булс (14/15) – Феникс 2010 3 (14/15)

10.30: Водно Санс (14/15) – Младост Битола 1 (14/15)

11.15: Борец Баскет (14/15) – Крива Паланка (14/15)

12.00: МВП Струмица (14/15) – ИБА Баскет (14/15)

12.45: МВП 3 (14/15) – МЗТ Скопје 2 (14/15)

13.30: МВП 6 (14/15-ж) – Крива Паланка (14/15-ж)

14.15: Феникс 2010 (16/17) – Водно Санс (16/17)

15.00: МВП 7 (16/17) – ИБА Баскет (16/17)

15.45: Прима Баскет (14/15-ж) – Спорт тим (14/15-ж)

* Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје