04.06.2022

Вечерва (19.часот) ќе играме против Полска во обид да стигнеме до следната фаза од натпреварите во Констанца

Минимален пораз на селекцијата „3Х3“ од Црна Гора на стартот од квалификациите за ЕП

Машката селекција во „3Х3“ имаше неуспешен старт на евро-квалификациите во романската Констанца. На првиот натпревар од групата „А“, нашата „четворка“ загуби со минимални (19:21) во дуелот против селекцијата на Црна Гора.

До победата, Црногорците стигнаа во драматичниот финиш во кој на 5.4 секунди пред крајот на натпреварот кога погодија едно од двете слободни фрлања со кое дојдоа до броката од 21.реализиран поен, доволен за победа во регуларниот тек од средбата во Констанца.

Нашата селекција ќе одигра уште еден натпревар во рамките на групата„А“ , против Полска, од (19. часот).

Во зависност од исходот на овие два натпревари, ќе биде познат и понатамошниот „календар“ за нашиот национален баскет тим, односно место во нокаут-фазата која е закажана за 5.јуни (недела).